Јавен oглас Бр.37/2025 за именување на заменик директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
01.04.2025

Врз основа на член 75 став (3), став (4) и став (5) од Законот за класифицирани информации (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.37/2025

за именување на заменик директор на Дирекцијата за безбедност

 на класифицирани информации

 

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, за време од четири години.
  2. За заменик директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Да нема државјанство на друга држава;
  3. Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  4. Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  5. Да има најмалку пет години работно искуство;
  6. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
  • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и
  1. Да поседува безбедносен сертификат со степен „ДРЖАВНА ТАЈНА“.
  1. За заменик директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Мотивациско писмо;
  4. План и програма за идна работа;
  5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  6. Доказ дека нема државјанство на друга држава;
  7. Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  8. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  9. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
  10. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
  • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и
  1. Да поседува безбедносен сертификат со степен „ДРЖАВНА ТАЈНА“.

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на заменик директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации“.
  2. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  3. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
  4. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  6. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  7. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.