Јавен oглас Бр.36/2025 за избор на 1 професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
01.04.2025

Врз основа на член 182 и 183 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/05, 25/07, 7/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15, 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 288/21,  288/21, 53/24 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.36/2025

за избор на 1 (еден) професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

 

  1. На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе избере 1 (еден) професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, со мандат од пет години, со можност за реизбор.
  2. Комисијата е составена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
  3. Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во Комисијата, за што им следува надоместок.
  4. Комисионерите (членови) кои професионално ја вршат својата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да добиваат друг надоместок освен платата како комисионери (членови) и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.
  5. Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата, се применува Законот за работните односи.
  6. За претседател односно комисионер (член) може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Да има уверение за завршено високо образование;
  3. Да е експерт од областа на финансиите и деловното право;
  4. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Да има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
  6. Да не е член на органи на политичка партија;
  7. Да не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
  8. Да не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
  9. Да не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа.

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Кратка биографија;
  2. Мотивациско писмо;
  3. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  4. Уверение или диплома за завршено високо образование;
  5. Доказ дека е експерт од областа на финансиите и деловното право;
  6. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  7. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
  8.  Доказ дека не е член на органи на политичка партија;
  9. Доказ дека не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
  10. Доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
  11. Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа.

 

  1. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на 1 (еден) професионално ангажиран комисионер - претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија“.
  2. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
  3.   Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  4. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.