По повод Светскиот ден на книгата, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, заедно со амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, учествуваа на свечен настан за доделување книги на ученици од прва година во гимназијата „Сами Фрашери“ и Техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Овој настан е дел од поширока иницијатива реализирана во соработка со Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, преку која се обезбедени 4.200 книги од светската литература. Донaцијата има за цел секој ученик од прва година во средните училишта со настава на албански јазик низ целата земја да добие по една книга.
Иницијативата има за цел да ја поттикне културата на читање, да ги збогати училишните библиотеки и да го развива критичкото размислување и креативноста кај младите Албанци.
Заменик-претседателот Фетаи ѝ се заблагодари на Министерството за образование и наука, како и на Бирото за развој на образованието, со посебен акцент на заменик-директорката г-а Шпреса Селими, за поддршката и соработката во реализацијата на овој значаен проект за интелектуалното формирање на новите генерации.
Активностите за дистрибуција на книгите ќе продолжат и во наредните денови во други училишта низ државата, како дел од оваа сеопфатна иницијатива за зајакнување на образованието и културата меѓу младите Албанци.