Министерот Лимани оствари средба со Амбасадорот на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал- Хајарин

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со в.д. амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е Рашид Бин Саид Ал- Хајарин.

На средбата која беше прва, протоколарна, двете страни изразија задоволство од истата и уверување дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи со заеднички влогови за зголемување на нејзиниот интезитет.

Соговорниците зборуваа за размена на позитивни искуства во областите кои се во надлежност на министерството за социјална политика, демографија и млади, со акцент на унапредување на социјалната заштита, политики за семејствата и младите.

Притоа акцент беше ставен и на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост особено овозможувањето на дигитална инклузија на овие лица. Државата  Катар претставува инспирација за големиот напредок во оваа област, а особени заслуги има шеиката Моза, мајката на сегашниот емир на Катар.

Амбасадорот на Катар упати покана до министерот Лимани за посета на неговата земја, а во насока на зацврстување на билатералната соработка во областите под негова надлежност.