Министерството за економија и труд ќе организира информативни денови за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број на општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на министерството.

На овие средби покрај претставници од министерството, ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Првиот информативен ден ќе се одржи утре (05.06.2025 година, четврток) во 10 часот во Салата на Советот на Советот на Општина Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.