Генерално и министерот и градоначалникот кажаа тоа што е денес цел на нашата работна посета.
Денес да ги посетиме сите овие објекти коишто ги споменаа и градоначалникот, еве сме на првиот за којшто зборуваше и министерот. И убеден сум дека сето ова значи додадена вредност и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани.
Уште еднаш сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг и успешна работа и во иднина. Мнозинство во советот, се разбира, коешто ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како до сега коешто ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот, по која било цена. За жал, поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да почнеме уште еден долгоочекуван проект, а тоа е спортската сала. Но, се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме.
Топлификација се завршува, се почнува пречистителна станица, 15-тина милиони во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола, еве и ова што го спомна министерот, овде што е позади нас, старото кино. Така што генерално, кога сè ќе се изанализира и собере повеќе од 100-тина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во периодот што следи.
Да се заблагодарам на администрацијата во Општината што ја следи работата, на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратениците во македонскиот Парламент, колегите во Владата.
Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било, и така и ќе остане.