Почитувани,
Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци.
Целта на оваа кампања на Владата и МЗШВ е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство
Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведено во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.
Со ова не што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.
Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава.
Владата преку конкретни мерки и чекори кои дирекно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП.
Една година Влада значи целосна посветеност и реализација на проекти.
Земјоделците се наш фокус и продолжуваме заедно да градиме одговорни политики кои ќе ги задоволат нивните барања и потреби.