Министерот Дурмиши: Ги отвораме вратите за посилна економска врска со Азербејџан

Министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија г. Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија – да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка,“ истакна министерот Дурмиши.

Во рамките на разговорите беше потенциран и интересот за соработка ворамки на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во мали и средни претпријатија. 

Министерот Дурмиши порача дека денешната средба претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон една заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.

„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,“ заклучи министерот.