Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини низ државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализација, водоснабдување и управување со водните ресурси.
Со овие проекти се поставуваат темелите за долгорочен и одржлив развој на локалните заедници, со фокус на унапредување на квалитетот на живот, здравјето и заштитата на животната средина.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините – со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки.“
– Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање
Тој исто така ја потенцираше важноста на навремената и квалитетна реализација, повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес, е еден ден повеќе во служба на граѓаните,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици