Работен ручек на Министерот Никола Попоски со Шефовите на агенциите на Обединетите нации во Република Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска, имаше работен ручек со Резидентниот координатор на ОН и шефовите на агенциите на Обединетите нации и други организации во Република Македонија, по повод одбележувањето на Денот на Обединетите нации,  24 октомври.

На средбата, беа разменети мислења за програмските активности на агенциите на Обединетите нации во Република Македонија. Притоа, министерот Попоски, осврнувајќи се на досегашната добра соработка, изрази уверување дека поддршката за нивните активности во земјата, кои се комплементарни на  нашата  реформска агенда  за европска интеграција, ќе  продолжат и во иднина.

Претставниците од ОН-системот информираа за  улогата на агенциите на Обединетите нации во Република Македонија, етаблирани  во земјава на почетокот на 90-те години, како и за начините за продлабочување на идната соработка согласно приоритетите на Република Македонија.