Премиерот Никола Груевски во официјална посета на Република Албанија

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 23 ноември 2012 година) е во официјална посета на Република Албанија, каде ќе оствари средба со албанскиот премиер, г-дин Сали Бериша, претседателот на Албанија, г-дин Бујар Нишани и со претседателката на албанското Собрание, г-ѓа Јозефина Топали.

Премиерот Груевски денеска во Тирана ќе се обрати и на бизнис форум за зголемување на економската соработка меѓу двете земји, а ќе оствари и средба со претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија.