Груевски: Македонија не заслужи да не добие датум за преговори, но продолжуваме со реформите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска на Самитот на Европските народни партии (ЕПП) во Брисел пред лидерите на европските држави изрази разочарување што не се изнајде модел да и се даде датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија на нашата земја.  Премиерот потенцира дека иако во заклучоците на Европскиот совет има напредок за Македонија, сепак но тоа не е она што нашата земја го заслужува.

- Дискусијата на Самитот на ЕПП повеќе беше насочена кон внатрешните проблеми на ЕУ. Се говореше за буџетот, монетарните прашања, сериозните проблеми со кои се соочуваат државите во Еврозоната. Најголем дел од нашата дискусија беше фокусиран на тоа и на решавање на проблемот меѓу италијанскито премиер Марио Монти и Силвио Берлускони. Сепак, јас ја искористив можноста да говорам за прашањето на приклучување на Македонија кон ЕУ, па најпрво им се заблагодарив на сите оние земји што во минатите денови и дадоа голема поддршка на Македонија. Тие се бореа, водеа жолчна дискусија во Советот во поткрепа на нашата земја и имаше земји што го заложија својот кредибилитет за Македонија како никогаш досега. Тие дискусии во некој момент ја минаа и онаа линија на нормална дискусија, борејќи се да ни помогнат и да ја разубедат Грција да не го прави истото што го прави целиот изминат период, истакна Груевски во изјава за дописникот на МИА од Брисел по завршувањето на Самитот.

Премиерот Груевски појаснува дека тој изразил разочарување што Македонија седум години е држава што има кандидатски статус, потсетувајќи дека сме прва држава која доби кандидатски статус, но веднаш не доби преговори како и сите земји претходно. Тој вели дека ги потсетил присутните дека четири години по ред добиваме позитивен извештај од Европската комисија, со препорака за почеток на преговорите, а дека последниот извештај бил најпозитивен и имало директно укажување дека ЕК предлага без одлагање да почнат пристапните преговори.

- Потсетив дека ние заслуживме преговори, дека направивме се што беше во наша моќ со остварување на сите потребни реформи, што Комисијата многу јасно го верификуваше и кажа во извештајот дека Македонија направи огромен прогрес во сите потребни реформи, во модернизација на државата, прогрес на сите полиња. Тргнувајќи од тоа го изразив моето разочарување што и покрај тоа не се изнајде модел да и се даде датум за преговори на нашата земја, иако и во овие заклучоци на Европскиот совет има напредок за Македонија, но тоа не е она што го заслужува, потенцира претседателот на македонската Влада.

Во својот говор пред присутните, Груевски искажал надеж дека во наредните неколку месеци, продолжувајќи го Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како и разговорите со Грција под порковителство на ОН, но и внатре меѓу земјите-членки на ЕУ по ова прашање, дека сепак ќе се изнајде начин Македонија да го добие она што го заслужува.

- На сето ова, никој ама буквално никој не искоментира дека Макеоднија не го заслужува тоа, оти немаат аргумент за такво нешто. Во неформалните разговори кои ги имав тука, на сите им е јасно дека на некој начин, Македонија подолг период е соочена со сериозна неправда и дека прилично совесно и одговорно се справува со таа неправда. На крајот на мојот говор, јас потенцирав дека ќе ги продлжиме нашите реформи, ќе го продолжиме прогресот по сите полиња и ќе го продолжиме дијалогот на сите нивоа, одговорно и европски, дециден е Груевски.

На прашањето какви чекори ќе бидат превземени во наредниот период и дали е можна негова директна сребда со грчкиот премиер Антонис Самарас, со цел поинтензивно решавање на наметнатиот спор за името, премиерот Груевски со одговор дека се поведени многу иницијативи за средби, дека тој испратил лично писма во неколку наврати, еднаш пред Самарас да стане премиер и вторпат кога тој застана на чело на Владата на Грција, но дека Самарас избегнува секаков начин за средба.

- Тоа говори лошо, дека веројатно нема подготвеност за решение. И тоа на луѓето им е јасно. Грција е членка на ЕУ и во таква околноста има право на вето, што некој  не сака тоа отворено да го каже поради меѓусебната пворзаност на земјите-членки на Унијата. Во секој случај, ние ќе продолжиме понатаму, отворени сме за дијалог, за барање на решенија, но и ќе потсетуваме на сите неправди што ни се направени досега. И ќе се бориме, нашата борба продолжува, порача македонскиот премиер, потсетувајќи дека има некои работи што Македонија ги има направено, а што ги немаат поголемиот број од земјите-членки на Европската унија.

Тоа, според него е законот за декриминализација, од што лидерите биле импресионирани.

- Свесни сме дека сме пред времето во однос на многу други држави во ЕУ, па неможејќи на тоа да најдат забелешка, повторно направија чекори со што го попречија добивањето на датум за преговори. Сепак, ние остнауваме на нашиот пат на исполнување на реформи и сме за отворен дијалог, вели Груевски.

Инаку, говорот на македонскиот премиер, на денешниот Самит на ЕПП го ислушаа и поздравија и политички лидери како германската канцеларка Ангела Меркел, романскиот и албанскиот претседател Трајан Басеску и Сали Бериша, премиерите Жан-Клод Јункер (Луксембург), Виктор Орбан (Унгарија), Доналд Туск (Полска), но и претседателит на Владите на Бугарија, Бојко Борисов  и на Грција, Андонис Самарас (Грција), како и голем број на претседатели, премиер и опозициски лидери од други европски држави.

Самитити на ЕПП се сметаат како клучни во однос на денешниот состанокот на Европскиот совет и затоа се одржуваат во ист ден. А, според нивото на присутните гости ова е најзвучен и најзначаен Самит на кој се носат важни одлуки за европската иднина.