Одложена официјалната посета на премиерот Никола Груевски на Република Хрватска

И З В Е С Т У В А Њ Е

Ве информираме дека официјалната посета на претседателот на Владата на Република Македонија, г- дин Никола Груевски, на Република Хрватска е одложена поради лошите временски услови.

Преку координација на двата протоколи на Република Македонија и на Република Хрватска, заради лошите временски услови и затворањето на скопскиот и загрепскиот аеродром, беше договорено да се одложи предвидената официјална посета на Претседателот на Владата на Република Македонија на Република Хрватска.

Терминот за нова посета ќе биде дополнително договорен и усогласен согласно агендите на двете страни.