На денешната седница на Владата на Република Македонија за точки не дневен ред се предложени неколку Предлог-закони и информации од страна на Министерството за финансии.
Министерството предлага Владата да се произнесе во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.
На денешната седница на Владата на Република Македонија ќе бидат презентирани и информациите за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, со Предлог-стратегија за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Предлог-стратегија за денаризација на Република Македонија, и информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година, со текст на Национална стратегија и Акциски план за спроведување.
Министерството за труд и социјална политика за денешната седница ги достави Предлог-законот за социјалната заштита, Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.
Истото министерство на седницата за доненсување одлука ги предлага и Предлог-програмата за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, и Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година.
На денешната седница на владата ќе се најде и Предлог-одлуката за распределба на средства за проектите: Изградба на улици и патишта во општина Липково и Изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково, на предлог на Министерство за транспорт и врски.