Министерството за информатичко општество и администрација го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019та година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно законската обврска го објавуваа Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019-та година.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2019-та година во изнесува 132.900.

Вработените се распределени во 1.324 институции.

Од вкупниот број, 20.169 лица се вработени во МВР, Армијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Поради безбедносни причини, освен како бројка, во овој извештај нема други детални анализи за овие вработени. Во извештајот има деталната анализа за останатите 112.731 вработени во јавниот сектор.

 

 

Од оваа бројка, важно е да се направи разлика при дефинирањето помеѓу органите на државната власт или тоа што реално е јавна администрација и остатокот на јавниот сектор.

Бројот на вработени во органите на државна власт во 2019-та година изнесувал 16.522, наспроти бројката на вработени во јавниот сектор што изнесува 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се само овие 16.522 вработени. Со други зборови ова е централната власт.

Анализата на бројот на вработени во вкупниот јавен сектор по дејности, покажува дека најголем процент се во дејноста образование, односно 32%, здравство 18%, управа 15%.

Доколку направиме споредба со Извештајот за бројот на вработени во јавен сектор во 2018-та година, може да се заклучи дека бројот е зголемен за 832 лица, односно за 0,6%.

Во 2019-та година се зголемува бројот на висококвалификуван кадар во јавниот сектор. Поточно, во однос на 2018 година, зголемен е бројот на вработени со високо образование за 932 лица, 229 магистри и 23 доктори на науки.

Најголемиот број на нови вработувања во 2019-та година биле во дејноста здравство.

На ниво на сите органи во состав на министерствата, како основата на јавната администрација, споредено со 2018 година вкупниот број на вработени е намален за 72 лица.

Ова значи дека новите вработувања, се прават согласно потребите на институциите, во сектори каде што тоа е најпотребно, и се вработуваат лица кои се со високо образование и во служба на сите граѓани. Ова исто така значи дека опозицијата подобро е да ги почека официјалните извештаи и реални бројки, наместо да се занимава со шпекулации и ширење на лажни вести.

Во акционерските друштва во целосна државна сопственост, вкупно се вработени 8,800 лица, од кои 8,545 на неопределено време, 83 на определено време и 172 преку агенции за привремени вработувања. Овој број, не влегува во анализитесодржани во овој извештај. Би сакал да напоменам дека за овие анализи немаме законска обврска, но ние сепак почнавме да ги објавуваме и овие бројки после смената на власта.

Споредено со 2018 та година, во акционерските друштва намален е бројот на лица вработени на определено време и лица вработени преку агенции за привремени вработувања.  

Преку агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор, работно ангажирани се вкупно 3.222 лица. Овие лица немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализитесодржани во овој извештај.