Јетон Шаќири денеска официјално му ја предаде задачата на новиот министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
Периодот како министер за информатичко општество и администрација беше динамичен и убав, полн со предизвици и достигнувања, ја оставам задачата со многу започнати процеси и реформи, чие продолжување е многу важно бидејќи директно се поврзани со европската иднина на државата, истакна Шаќири на предавањето на функцијата.
За време на церемонијата на примопредавање на задачата, Шаќири на новиот министер Алити му посака успех во новата задача и ја изрази подготвеноста да даде поддршка и консултации, со цел реализација на веќе започнатите процеси, да продолжи и да се одвива без пречки.