Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.
Владината делегација на Република Северна Македонија е предвидено да пристигне во попладневните часови во текот на денешниот ден, кога ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот „Александар Невски“.
Премиерот Ковачевски и делегацијата на Владата на Северна Македонија свечено пречекани во Софија