На маргините на Регионалната конференција за перспективите за чиста енергија министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со Џефри Пјат помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт департментот на САД.
На средбата се разговараше за координацијата на стратешкото партнерство за декарбонизација на Западен Балкан и за декарбонизацијата на Република Северна Македонија.
Посебен акцент беше ставен на темите за обезбедување алтернативни енергетски ресурси во пресрет на зимската сезона, како и нивна диверзификација.
Заеднички заклучок на Нуредини и на Пјат беше дека во предизвикувачки околности треба да се зголеми прекуграничната соработка меѓу земјите од Западен Балкан во управувањето со енергетската криза.
Помошникот државен секретар Пјат ја потврди заложбата на САД за поддршка и олеснување на напорите на нашата држава во справување со енергенската криза.