„Продолжуваат мерките за субвенционирање на цена на електрична енергија, за 611.000 домаќинства во државата и за 70.000 мали и средни претпријатија кои вработуваат 98% од вработените за субвенционирање на цената на електрична енергија. Секој на својата сметка која што ја добива од ЕВН може да види дека цената на електрична енергија е субвенципонирана и до 90% што значи дека нашите граѓани плаќаат двојно помала цена на електрична енергија од тоа што би ја платиле доколку е пазарна цена што во Западна Европа и така плаќаат“, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервјуто за Слободен печат.
Премиерот посочи дека со силните заложби на Владата, да се обезбеди струја, минатата година, во најстудените месеци – ѝ покрај застарената технологија во земјата од 40 години, со посветеноста на работници во РЕК Битола, Осломеј, Неготино се успеа да се произведуваат 45% повеќе електрична енергија во државата. Но што е најважно, „ние кризата ја искористивме како можност“.
„Во државата како никогаш до сега се инсталирани обновливи извори за енергија. Во текот на 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 11 мегавати обновливи извори за енергија. Денес, само за две години на оваа Влада, има 600 мегавати инсталирани и ставени на мрежа обновливи извори на енергија. Тоа овозможи зголемено производство на електрична енергија, меѓутоа овозможи и електрична енергија којашто во текот на дневните часови ќе ја има во поголеми количини. И со тоа успеавме да ја вратиме евтината дневна тарифа на електрична енергија од 13-15 часот, што исто така претставува одлична заштита за граѓаните - во одредени случаи и до 1.000 денари, со оглед на тоа дека цената на евтината тарифа е двојна помала од нормалната цена на тарифата, којашто е исто така субвенционирана, соошти премиерот Димитар Ковачевски во интервјуот за Слободен печат.