Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го прими амбасадорот на Република Франција, неговата екселенција Cyrille Baumgartner , во куртоазна посета.
На средбата беше потврдена посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за европските интеграции на земјата и за реформите во владеењето на правото, како и безрезервната поддршка на Република Франција во интегративните процеси.