Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите на Западен Балкан.
Фетаи го истакна значењето на дигитализацијата како стожер на благосостојбата, иновацијата и социјалниот напредок. Тој ги презентираше приоритетите и проектите на Владата на Република Северна Македонија во оваа област, вклучувајќи ја дигитализацијата на јавната администрација, како и зголемувањето на најмалку 50% на бројот на електронските јавни услуги кои им се нудат на граѓаните, како и подготовките за изградба на еден владин дата центар.
Заменик претседателот Фетаи нагласи дека во време на сајбер предизвици и геополитички закани, државите на регионот мора да ја зајакнат дигиталната инфраструктура, во партнерство со ЕУ и САД.
Конференцијата „GovTech“, организирана од Националната агенција за информатичко општество, беше важен настан за размена на искуства и идеи за подобрување на дигиталната инфраструктура и зајакнување на сајбер безбедноста во регионот.