Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џаин

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Кралството Шведска, предводена од Н.Е. Ами Ларсон Џаин.
На средбата беа разменети мислења и ставови на повеќе теми со фокус на актуелните политички и економски прашања, односите меѓу етничките заедници кои живеат во земјата, но и можностите за продлабочување на и онака одличната соработката меѓу двете земји. Воедно беше нагласено и тоа дека сѐ додека има резултати и сѐ додека ниту еден денар не заминува во погрешен џеб нашата земја ќе ја има шведската поддршка. 
„Бевме конструктивна опозиција, а сега се покажуваме како одговорна власт и затоа мислам дека заслужуваме поддршка, како и дека Шведска треба да остане еден од нашите најголеми пријатели“, рече потпретседателот и министер Стоилковиќ.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи да се негува, а Шведска како силен поддржувач на нашата земја на патот кон ЕУ и понатаму да ја поттикнува РС Македонија да напредува во процесот на интеграција во ЕУ, особено во насока на зајакнувањето на демократскиот и инклузивен развој.