Првиот вицепремиер Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД

Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.

На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.

Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.

„Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир“, истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.

Инаку, на овoj форум учествуваа и министерот за здравство Арбен Таравари, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, градоначалникот на општина Тетово Билал Касами и многу други личности. Додека и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленскиј на Форумот ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.