Мицкоски: Ова е веќе четврти квартал со раст на БДП со повеќе од 3%

„Денес Државниот завод за статистика, објави податок дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е пораснат за 3,4% и тоа значи дека во моментот се објавени, од рамките на Еуростат, тоа е и европската статистика, податоци за растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал за 28 европски земји“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Македонија го дели третото место заедно со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот поширок и потесен се позади Македонија.

Премиерот Мицкоски информираше дека ова е веќе четврти квартал кога државата има раст на бруто-домашниот производ, повеќе од три проценти.

„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти, заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година, кога имавме 3%, па четвртиот 3,2%, па првиот од оваа година 3,2%, и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро, рече Мицкоски и додаде:

„Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти. Кога ќе ги споредите фактите, сфаќате дека тие се немилосрдни – и фактите се на страна на работата, чесната работа на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.