МНР: Унгарија и понатаму ќе продолжи да го користи уставното име на Македонија во билатералната комуникација
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.
Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето.
Особено се поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Република Унгарија.
И најновата одлука, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји.