На денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска потенцираше за интензивирање на активностите пред новогодишните празници и продолжување на активната соработката со Министерството за внатрешни работи и во следниот период како би се загарантирано одговорно прославување на претстојните празници.
Во периодот од 14 декември до 20 декември, седумте инспекциски служби, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.858 надзори и контроли.
Поединечно, Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 98 надзори и издаде 10 решенија. Во истиот период издадени се и 9065 решенија за изолација за лица заболени од коронавирус и лица кои биле во контакт со лица заболени од коронавирус.
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат изврши 4338 контроли и 546 надзори. При истите, изречени се 39 прекршочни пријави, 58 решенија за констатирани неправилности и 49 прекршочни платни налози. За 8 угостителски објекти во Скопје, Гостивар и Куманово изречена е мерка забрана за вршење дејност, односно се затворени за работа на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.
Инспекторатот за транспорт спроведе 53 надзори и издал 11 прекршочни пријави и 8 решенија. Поради непочитување на Протоколот за превоз на патници издадени се 3 решенија, од кои 1 прекршочна пријава за превоз на патници во Ресен и 2 прекршочни пријави за превоз на патници на граничен премин Деве Баир.
Од страна на Државниот инспекторат за труд извршени се 450 надзори во правни субјекти на целата територија на Република Северна Македонија и инспекторатот изрекол 12 решенија и 5 прекршочни пријави за непочитување на здравствен протокол и превентивни мерки на работни места.
МАЛМЕД, агенцијата за лекови и медицински помагала во зададениот период спроведе 28 надзори во аптеки и издал 2 решенија согласно Законот за лекови и медицински помагала.
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство изврши 303 надзори, издаде 9 решенија, 14 едукации и 6 ППН по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање и означување производи.
Во текот на изминатата недела, Државниот инспекторат за животна средина изреализира вкупно 42 надзори и издаде 3 решенија за констатирани неправилности, 2 платни налози и 1 прекршочна пријава. Дополнително е поднесен предлог за одземање Б интегрирана дозвола при утврдени неправилности кои се однесуваат на неплатени надоместоци за водно право, горење отпадно масло и непочитување на условите од издадената дозвола.
Ги повикуваме граѓаните и стопанствениците да бидат совесни и трпеливи. Да ги почитуваат протоколите и препораките за ширење на коронавирусот и сигурно и тивко да ги прослават претстоечките празници.
Инспекциските служби не застануваат со работа и за време на новогодишните празници. Секој еден кој на било кој начин ќе го загрози јавното здравје ќе биде неселективно и навремено санкциониран.