Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го прими тимот на Националниот демократски институт во Северна Македонија предводен од директорот Роберт Скот Хејзлет.
На средбата взаемно беше потврдена определбата да продолжи исклучително позитивната соработка на Владата со американскиот Националниот демократски институт со фокус на унапредување на капацитетите за поддршка на правосудниот систем и на спроведувањето на реформите за добро владеење.
За време на разговорот беше истакнато дека за Владата од посебна важност е зацврстувањето на демократските процеси и транспарентноста на институциите како процеси во кој НДИ може да даде значителен придонес.
Како еднакво значајна беше нагласена и соработката во обезбедувањето континуитет во имплементацијата на стратегијата за борба против корупцијата и јакнењето на транспаренти и ефикасни институции кои испорачуваат квалитетни и навремени услуги кон граѓаните, како и дигитализацијата, како области се од посебен интерес за граѓаните.