Денеска министерот Бочварски присуствуваше на настанот по повод одбележување јубилеј 15 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип.
Во продолжение на ова соопштение Ви го пренесуваме обраќањето на министерот во целост:
„На сите студенти, на ректорот проф. д-р Блажо Боев, професори и вработени ја честитам годишнината на оваа високообразовна установа, која веќе деценија и половина продуцира квалитетни кадри кои земаат значајна улога во општествениот живот во државата. Во име на Владата посакав уште многу успешни и значајни јубилеи, отворање на нови хоризонти за денешните и идните генерации на студенти во сите области."