Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, на регионална средба во Тирана

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски и заменикот национален координатор за спречување на насилен екстремизам Џеладин Ајвази, присуствуваа на средба од регионален карактер во Тирана, Република Албанија.

На средбата присуствува и партнерите од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, во рамките на  проект финансиран од Европската Унија, за да разговараат за одржливиот, системскиот и ресоцијалниот пристап поврзан со ресоцијализацијата на повратниците од конфликтните зони и нивните семејства.

Присутните разменија знаења и искуства, резимирани беа резултатите од напорите кои се вложени во градењето на капацитетите на владините структури и практичари во прва линија вклучени во делот на реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на странски терористички борци и нивните семејства.

Средбата заврши со плодни дискусии за научени лекции и искуства кои ќе имаат значително влијание за начинот на делување и имплементација на идните активности во областа на спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.