АД ЕСМ на 21.04.2023 година произведe 10.732 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 7.515 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.217 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 MWh електрична енергија.