Денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се одржа средба на македонско-германска мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства.
На средбата претставниците на Комисијата се согласија за поголема соработка помеѓу Северна Македонија и Германија со цел развој на товарниот транспорт.
На средбата се потпиша Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе придонесеме за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.
Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји.
Ова е уште една потврда на добрите политиките на Министерството за транспорт и врски преку кои македонските транспортери добиваат поголема можност за соработка со своите германски партнери во меѓународниот патен превоз.