Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Австрија во Скопје, предводена од амбасадорот, г. Мартин Памер.
На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во двете земји, со фокус на односите меѓу етничките заедници кои живеат во земјата, а Стоилковиќ и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина.
Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна амбасадорот Памер и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, како и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата на РС Македонија. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници се согласија дека економијата не е само предизвик, туку и една од најважните точки и клучна за напредок. Акцент беше ставен и на подобрувањето на економската размена меѓу двете земји и подигнување на нејзиното ниво.
На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е од исклучително значење, а особено клучна е поддршката што нашата земја ја добива од Австрија кога станува збор за реформските процеси поврзани со евроинтеграциите, кои, како што беше нагласено, мора да останат на агендата и во иднина.