Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Црна Гора Андрија Мандиќ, кој ќе присуствува и на денешната свеченост по повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.
Двајцата соговорници се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и соработката треба да го задржи досегашното ниво.
Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна црногорскиот спикер Мандиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучија дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина.