Фетаи: Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност

На денешната седница, Владата ја усвои Информацијата од Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, со која сите државни институции се обврзуваат да го пријават недвижниот државната имот кој го поседуваат или користат.

Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален образец, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот недвижен имот во Северна Македонија. 

Овие податоци ќе бидат управувани од Министерството за дигитална трансформација и ќе обезбедат јасен преглед и пресек на државниот недвижен имот во земјата.

Врз основа на собраните податоци, се очекува да се создаде Централен регистар за државен недвижен имот, кој ќе биде формализиран по усвојувањето на Законот за централен регистар на државен недвижен имот. За изготвување на овој закон, Кабинетот на заменик на претседателот на Владата Арбен Фетаи ќе ги искористи хрватските практики и искуства.

Целта на Регистарот е да го подобри управувањето и да ги спречи можни злоупотреби со државниот имот.