Почитувани,
Како Влада продолжуваме со одговорно и транспарентно информирање за состојбите коишто се преземените и активности од страна на институциите, а коишто се однесуваат на грижата на сите погодени во трагедијата во Кочани.
Пред да им дадам збор на доктор Катерина Мирчовска, а од пред некој ден и директор на Кочанската болница и доктор Гордана Георгиева која што е дел од работната група за евалуација на повредените, би сакала да образложам некои аспект коишто се однесуваат на телефонската линија којашто Владата ја отвори.
Сакам да информирам дека телефонската линија која ја објавивме како Влада има силен одзив. До овој момент, Канцеларијата на Претседателот на Владата, има остварено контакт со 109 лица коишто ги имаат дадено предлозите и барањата.
Би сакала да ве информирам дека најголем процент од нив се однесуваат на здравствени дополнувања и потреби коишто им се неопходни во овој момент или ќе бидат во периодот којшто следи.
Ја користам оваа прилика да ги охрабруваме и сите останати кои се чувствуваат засегнати, отворено и без задршка да го сторат истото – да се обратат, да споделат, да постават прашања. Секоја информација е важна, секој глас е слушнат од наша страна за што ќе следи институционална, но и човечка поддршка.
Во однос на Пониква која ќе биде рехабилитациски центар, сакам да ја информирам јавноста дека технички одморалиштето ќе биде завршено со ние минимални корекции до крајот на оваа недела, а оперативниот план е веќе во завршна фаза и засега е заземен став дека ќе се прави рехабилитацијата во групи и истата ќе трае по две недели, за ова повеќе ќе зборува доктор Катерина.
Институциите се тука, отворени и со јасна цел: да изградиме вистинска слика, заснована на факти. Телефонската линија која ја активиравме е само еден од начините на комуникација – покрај директниот контакт со повредените, коишто го имаат и во болницата, со работната група, но и со Министерството за здравство. Овие чекори за нас, не се само административна постапка. Ова е наша обврска.
Да го вратиме достоинството на секој човек, без политика, без сензационализам, со вистина и со грижа.