Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Република Србија во земјава, Н.Е. Невена Јовановиќ.
Министерот Стоилковиќ искажа благодарност за досегашната успешна соработка и значајниот придонес на амбасадорката Јовановиќ во унапредувањето на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Србија за време на нејзиниот дипломатски мандат.
На средбата беа разгледани и повеќе актуелни прашања од заемен интерес, со посебен акцент на можностите за продлабочување на стратешката соработка, особено во делот на капитални инвестиции и реализација на заеднички проекти од стратешко значење.
Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политички и економски состојби во двете земји и поширокиот регион, при што ја потврдија заедничката заложба за продолжување на редовниот политички дијалог на високо ниво. Беше потенцирана и важноста од координирани активности за поттикнување на демократскиот развој и забрзување на економската трансформација преку стабилна и одржлива меѓудржавна соработка.