Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество.
Наградата се доделува во три категории:
индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и
категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.
Висината на Наградата за младинско учество по категории е следната:
1,000 EUR за индивидуална категорија;
3,000 EUR за неформални групи на млади и
3,000 EUR за младински организации.
Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.
За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://shorturl.at/elsC4
Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк: