Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари средба со бисерот на македонското пливање, младата надеж Никола Ѓуретановиќ, кој веќе соборува и сениорски рекорди и најавува блескава иднина.
На средбата со ова талентирано момче меѓу другото стана збор за неговите досегашни достигнувања, но и цели и идни планови. Инаку, Ѓуретановиќ со преку 30 државни рекорди во својата досегашна кариера е лидер во спортот меѓу врсниците, инспирација за многумина и е вистински амбасадор на македонското пливање, а токму тоа, како што истакна министерот Стоилковиќ, беше и поводот за оваа средба.
„Еден ваков талент не само што треба да се поддржи, туку треба и да се мотивира да продолжи да го надградува својот талент. Со сета почит кон неговата работа и резултати, можам да кажам дека ќе сторам сѐ што е во моја моќ, пред сѐ, како човек, ова дете да ја дообие поддршката што ја заслужува. Она што можам да го ветам е дека во следниот период ќе добие едногодишна стипендија од Демократската партија на Србите во Македонија“, рече по средбата заменик-претседателот и министер Стоилковиќ.